СДСМ го искажа својот став за измена на законот за локална самоуправа, а тоа е дека сме против ова законско решение, истакна пратеникот Оливер Спасовски.
Опозициската партија смета дека на овој начин се нарушуваат демократските принципи и е спротивно на уставните начела со кои граѓаноите ги носат одлуките за локалната власт.
„Сметаме дека носењето на вакво законско решение во кое без одлука на граѓаните ќе можеме да вршиме промена на градоначалници во одредени општини, на тој начин се одзема правото на граѓаните и се манипулира со волјата на избирачите. Исправно е да кажеме јасно и гласно дека ваков закон не може да добие поддршка. Кога станува збор за изборите, последниот збор мора да го има граѓанинот. Ќе се соочиме со состојба кога по одржувањето на избори повторно се создава пракса во која ќе може на некој од градоначалниците да му престане мандатот и потоа до крајот на мандатот да раководи друг“, рече Спасовски.
Пратеникот го коментираше и ставот на ДУИ дека ќе го поддржи законот за локална самоуправа.
„И покрај тоа што партијата која сега ја предводи владата, тоа е ВМРО-ДПМНЕ, пред целата јавност кажа дека ДУИ е дефакторизирана и било каква соработка со ДУИ е невозможна, ние гледаме добра коалиција на дело затоа што ова е веќе второ законско решение. Сосема се јасни работите и ќе им бидат и награѓаните дека таа нишка, врска којашто постои е длабока, а причините за одлуката ќе излезат на вииделина“, рече Спасовски.
Собранието денеска ја почна 14. седница на која на предложениот дневен ред се 31. точка, меѓу кои Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за локалната самоуправа, по скратена постапка, со којшто, меѓудругото, се предвидува вршителот на должност градоначалник во општините каде по сила на закон им престанал мандатот на избраните градоначалници да можат да ја извршуваат оваа функција до изборот на нов прв човек на општината. За да се изгласа овој закон потребно е двотретонско мнозинство. По парламентарните избори во земјата и изборот за министри и пратеници, в.д градоначалници има во Аеродром, во Гостивар и во Сарај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.