Информации кое е лицето што вееше знаме на т.н. голема Албанија стигнуваат во Министерството за внатрешни работи, тврди министерот Оливер Спасовски. Тој посочува дека на собирот во Тетово имало и странски државјани. Дециден е дека не станува збор за вработен во МВР, како што се тврдеше на социјалните мрежи.
Едноставно, човекот што го носеше знамето не е вработен во МВР. Кого би знаеле ако не ги знаеме вработените? Јас се надевам дека и кај вас, раководството на телевизијата, ве знаат сите кои сте. Знаејќи дека инспекторот или лицето што се посочува не е тоа лице, објавивме фотографија, јавна објава, во однос на препознавањето на ова лице. Утврдуваме кој би бил идентитетот на тоа лице. Имаше и лица што не се од Македонија – рече Спасовски.
Прашан дали добиле информација кое е лицето, тој рече дека им јавиле.
Јас мислам дека ќе се утврди идентитетот на ова лице – додаде Спасовски.
Спасовски смета дека ќе има правда за овој случај. И да е странски државјанин, ќе бидат искористени правните механизми. Тој рече дека ќе има потерница.
Лицето го вееше знамето на собирот организиран од Општина Тетово. Со ваквите кадри тетовскиот градоначалник, Билал Касами, направи спот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.