Министерот за внатрешни работи во оставка, Оливер Спасовски, во Клубот на пратеници се сретна со соработниците и поширокото раководство на МВР.
Нема ништо поубаво од тоа да сте со својот тим од МВР, со чувство на длабока благодарност и искрено задоволство за сè што заедно постигнавме во текот на мојот мандат како министер за внатрешни работи на Македонија, рече Спасовски.
Спасовски посочи дека секој завршеток на мандат е време за рефлексија и оценување на постигнувањата. Тој додаде дека заедно со неговиот тим постигнале значаен напредок во областа на безбедноста на граѓаните и државата.
Нашата работа беше предизвик, но исто така и можност да ја покажеме нашата посветеност, професионализам и љубов кон нашата татковина. Со заеднички напори, се справувавме со предизвиците и работевме на создавање на посигурно и стабилно општество за сите граѓани. Секој еден од вас ја има мојата лична благодарност за вашата поддршка, труд и посветеност. Вашите идеи, вашиот ентузијазам и вашата способност да се справите со тешки ситуации беа круцијални за нашите успеси. Нашата работа беше доказ за тоа дека кога поединци со различни вештини и искуства се обединуваат со заедничка цел, може да се остварат големи работи, изјави Спасовски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.