Неспособноста на Оливер Спасовски е безбедносен проблем во државата. Криминалот цвета, бандити хараат по улиците, а во последниот случај со Арачиново тие веќе беснеат и во самите полициски пунктови. Имено пред три дена вооружени лица блиски до власта, влегле со закани во полициско одделение во Арачиново, а четворица полицајци добиле наредба од претпоставен да се повлечат од полициски пункт, и од Арачиново да се повлечат во Гази Баба, само затоа што е направена контрола, сопреле возило, без валидни документи – стои во соопштението испратено од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Во истото се коментира дека ваков случај веројатно е единствен во Европа.
Да биде потрагично Спасовски овој случај го релативизира со цел да го прикрие. Речиси по правило кога ќе излезе некој скандал во полицијата се вади на манипулации и шпекулации.Јавноста е сведок на повторување на епизодата со „пајакот“ .Впрочем Спасовски и тогаш и сега не застана во одбрана на полициските службеници директно заштитувајќи противзаконско и насилничко однесување – се вели во соопштението испратено утрово.
Тие сметаат дека дрскоста е поради заштитата кои поединци ја имаат во врвот на МВР.
Ваквата дрскост на бандитите е резултат на заштитата која ја имаат во врвот на МВР. Затоа Спасовски молчи за овој скандал исто како што го забошотува и случајот со самоволието на децата на полициските функционери, исто како што молчи и за државјанството на Онишченко, исто како што го забошотуваше скандалот со 215 оригинални пасоши за белосветски мафијаши.
Спасовски требаше да си поднесе оставка уште вчера после сите скандали и афери за кои е директно одговорен. Тој премолчува и заштитува кршење на законите и тоа го прави директна закана по редот и мирот во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.