Ова е држава, не е драгстор во кој ќе влезе некој, ќе плати и ќе добие државјанство, рече денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Одговорајќи на пратеничко прашање, Спасовски порача дека за државјанство не е доволно само да се поднесе барање, туку треба да се исполнат и сите услови, како и да се поминат сите предвидени постапки.

Не е доволно само да поднесете барање и од утре да очекувате дека ќе добиете државјанство ако одредени услови не се исполнети. Мора сите да разбереме – ова е процес и ова е држава, не е драгстор во кој ќе влез некој, ќе плати и ќе добие државјанство. Мора да поминат постапките и само преку поминати постапки може да се добие држајанство. Тоа се условите кои треба да бидат исполнети, истакна Спасовски во одговор на пратеничката Илире Даути која се пожали дека се пробиени роковите за давање државјанство на некои лица.

Според министерот, факт е дека одреден број баратели на државјанство покренуваат постапка по еден член, а исполнуваат услови по некаков друг член.

Пратеничке, за секоја постапка што се води, имате добиено одговор во моментот и ние не можеме да кажеме – утре ќе добиеме ако не е завршена целата постапка и ако не се обезбедени сите документи. Факт е дека голем дел од луѓето кои поднесоа барања, а ги исполнуаат условите за добивање државјанство, тоа го добиле. Факт е дека одреден број баратели на државјанство покренуваат постапка по еден член, а исполнуваат услови по некаков друг член, тоа е работа на самите странки и ќе треба во тој дел, таму каде што имаат основа, да ги поднесуваат барањата, објасни Спасовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.