Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со заменик министерот Назим Буши и заменик директорот на Бирото за јавна безбедност Ариф Асани, оствари работна средба со амбасадорот на Република Унгарија во нашата земја Лазло Иштван Дукс и заменик шефицата на мисијата Кристина Тихањи, како и ново назначеното полициско аташе за внатрешни работи Иштван Шегеди.
TемА на која се разговарало на средбата била билатерална соработка меѓу двете земји, особено низ призмата на евроатлантските интеграции, како и продлабочување на соработката во конкретни сфери од безбедноста како што се: борбата против тероризмот, организираниот криминал, кибер криминалот и други сфери од заеднички интерес.
Заеднички беше нагласена поддршката што пријателска Унгарија и ја пружа на нашата земја, во континуитет, особено во контекст на заедничката превенција против илегалната миграција преку постојаното присуство на унгарски полициски службеници распоредени на нашата јужна граница, коишто заедно со нашите и другите европски полициски службеници даваат активен придонес во заштита на границата од илегалните миграциски текови – се наведува во соопштението од МВР.
Спасовски и амбасадорот Дукс ја нагласиле и досегашната одлична оперативна соработка со тенденција за нејзино натамошно продлабочување особено преку новото назначено полициско аташе за внатрешни работи при амбасадата на Унгарија, Иштван Шегеди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.