Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска пред пратениците рече дека МВР ја следи работата на Онкологија уште пред десет години и дека не е точно дека не презеле никакви мерки. Тој нагласи дека уште во 2012 година МВР поднело кривична пријава против тогашниот директор на клиниката, но дека до денеска Јавното обвинителство не презело никакви мерки.
„МВР првпат реагира на 31.05 2012 година во основа на оперативни сознанија кои ги има и поднесува кривична пријава против директорот на онкологија во тоа време од одделот за организиран криминал до основното јавно обвинителство за спречување на организиран и сериозен криминал, со индиции на злоупотреба на цитостатици на лекови. Од моментот на поднесување на пријавата до денеска не е преземно ниту едно истражно дејствие од страна на Јавното обвинителство“ изјави Спасовски.
Претходно, екс-министерот за здравство, Беким Сали кој беше прв сведок на сослушувањето, рече дека не знаел дека во клиниката постоел КАТО систем, и додаде дека за случувањата во Онкологија дознал преку медиумите.
Инаку, Јавното обвинителство на крајот на минатиот месец поднесе обвинение за „проневера“ против медицинската сестра од Клиниката за онкологија, која крадела цитостатици. Таа досега не е достапна за органите на прогонот.
Во Собранието заседава Анкетната комисија за скандалот со Онкологија, а пред пратениците свои образложенија дадоа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и поранешниот министер за здравство Беким Сали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.