Министерството за внатрешни работи активно се вклучи во потрагата веднаш по добивањето на пријавата за изчезнувањето на девојчето од Скопје и на нејзино пронаоѓање интензивно работи посебен тим формиран од страна на СВР во Скопје, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за МИА во Брисел во врска со случајот со исезнувањето на малолетната Вања Ѓорчевска.
– Синоќа до доцна во ноќта, практично до утринските часови, работеше целиот овој тим, предводен од началникот на СВР – Скопје. Извршени се низа на активности, проверки и земање на изјави, разговор со семејството, итн…, се со цел да дојдеме до некаква првична информација, изјави Спасовски.
Тој нагалси дека МВР ќе ги преземе сите мерки и активности што се потребни, со цел да дојде до информација за да може да биде пронајдено девојчето.
– Апелирам до граѓаните навистина да ги добиваат информациите од МВР и на тој начин најмногу ќе се помогне да ја постигнеме целта. Да не изнесуваме
шпекулации во јавноста коишто дополнително може да ја подгреваат атмосферата, порача Спасовски, кој денеска во Брисел учествуваше на Меѓународната конференција на Глобалниот сојуз за борба против криумчарењето на мигранти во организација на Европската комисија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.