Желба за долг живот му испрати министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на Христијан Мицкоски, oткако претседателот на ВМРО-ДПМНЕ му порача дека ќе го гони дури е жив.

Додека е тој жив или додека сум јас жив? Изјавата беше дека јас нема да имам мир додека е тој жив. Јас му посакувам долг живот, рече Спасовски.

Претходно, Мицкоски побара и оставка од министерот.

Од Спасовски со месеци наназад бараме оставка, му се случија криминалци белосветски да добиваат пасоши, му се случија скандали како на никој министер за внатрешни работи во историјата на Македонија и нему око не му трепна. Напротив, тој со овој полусвет живееше, стимулираше и мислеше дека ако ја напаѓа опозицијата преку овој полусвет и мене лично и моето семејство дека на тој начин ќе обезбеди мир за себе, но нема да обезбеди мир додека сум јас жив. Нема да обезбедат мир сите овие кои се виновни за смртта на малата Вања, рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.