Борче Спасовски, градоначалник на општина Ранковце и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски денеска извршија увид на градежни активности во општина Ранковце во село Радибуш. Се работи за изградба на дел од локален пат во село Радибуш – маала Којкарци, должина од 480 метри, со вредност на инвестицијата 2.170.000 денари.
Средствата се обезбедени од програмите за регионален развој за 2021 и 2022 година на Бирото за регионален развој преку Центар за развојот на североисточен плански регион од каде се обезбедени и финансиските средства за
– изградба на дел од улица во село Ранковце (Десетак-Млин), во должина од 450 метри, вредност од 2.057.000 денари.
– изградба на дел од локален пат во село Ветуница-Стојкова маала, во должина од 440 метри, вредност 2.220.000 денари.
Изведувач на овие три проекти е „Фиушер Тихи“ од Куманово.
Пред 3 месеци заврши изградба на дел овој локален пат во должина од 500 метри, чија вредност беше 2.540.000 денари за кој средствата беа обезбедени до Бирото за регионален развој. Во тек е и реконструкција на подрачното училиште во село Радибуш, вредност на проектот 6.130.000 денари. Средствата се обезбедени од министерството. Изведувач е „Конструктор“ од Скопје. Во тек е изградба на водоснабдителен систем за населено место Псача, инвестиција во вкупна вредност од 30.120.000 денари. Средствата се обезбедени со договор за грант согласно договор за финансирање Република Македонија и Европска инвестициона банка за Проект: „Водоснабдување и одведување на отпадни води“ склучен помеѓу Општина Ранковце и Министерството за транспорт и врски, изведувач на работите е „МИНТ-ИНЖЕНЕРИНГ“ Скопје; Изградба на дел од канализација во село Љубинци, во должина од 1338 метри, вредност на проектот 3.911.000 денари. 3 милиони денари се обезбедени од министерството за животна средина и 1 милион денари од сопствени приходи. Изведувач „ПОРТЛАНД“ од Струмица. Изградба на дел од локален пат село Герман, во должина од 886 метри, вредност на проектот 6.066.000 денари. Изведувач „Енерго инвест“ од Скопје. Средствата се обезбедени од Бирото за регионален развој. Деновиве ќе започна и изградба на улици во село Ранковце – крак 1 во должина од 200 метри, вредност 1.530.000 денари. Средствата се обезбедени од министерството за транспорт и врски. Изведувач „Мајоко“ од Куманово. И покрај економската и енергетската криза во која се наоѓа нашата држава, ние максимално се вложуваме и во решавање на проблемите на нашите граѓани и подобрување на инфраструктурата во општина Ранковце, соопшти градоначалникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.