Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека е интересен, и воедно трагичен е феноменот поранешни министри на најкриминалната влада во историјата, таа на СДС и ДУИ, да излегуваат во јавност и солат памет во стилот на аналитичари за тоа како требале да постапуваат институциите.

Од партијата додаваат дека последен во примерите на маскирани аналитичари е Оливер Спасовски кој молчеше со години за слични инциденти со косовската претседателка, а сега кажува како требало да постапи МВР.

Во реалноста, и доколку се зборува без ракавици, Оливер Спасовски е единица мерка за криминал. Човекот даваше пасоши на белосветски криминалци како да се бонбони од слаткара. Потоа главниот град го стави на тацна на криминалното подземје, било тоа да се нарлото бандите од Грчец или од Ченто и Арачиново. Потоа полицајци од страната на криминалци во Александар Палас се пукаа со други полицајци.

 

Неговите началници наместо припадници на МВР беа бизнис елита која гради станови и згради. Истиот Спасовски ја убедуваше јавноста дека полицаец се удрил во пајак возило само затоа што визолото беше на моќник од ДУИ. Истиот Спасовски беше мајверен слуга на другата единица мерка за криминал Артан Груби.

 

Друг пат наместо Спасовски да зборува за криминал нека се сокрие затоа што отсуството на срам е подеднакво дрско како и криминалот кој го раѓаше и штитеше таа гарнитура СДС и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.