Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска најави дека во наредниот период во континуитет со силна мотивираност ќе продолжат да ги градат севкупните капацитети на МВР и можат да претендираат за уште подобри резултати во работењето на сите оргнаизациони единици во министерството.

Во видео обраќањето на Панел-дискусија на тема „Безбедноста и реформите во полицијата: Поблиску до граѓанките и граѓаните“, во организација на ЦИВИЛ, денеска Спасовски појасни дека било оценето оти продлабочвуањето на партнерстовот меѓу граѓаните и полициските службеници ќе произведува поефективни резултати за безбедноста и сигурноста, во одржувањето на јавниот ред и мир и во заштитата на материјалните добра. Тоа, нагласи тој, претпоставуваше најпрво да се извршат коренити и системски реформи во полицијата кои би го зголемиле нејзиниот кредибилитет за граѓаните.

На стратешко ниво реформата на безбедносниот систем не беше прашање на избор, туку прашање на опстанок, силно изразена волја на сите општествени чинители, на јавноста, на граѓаните, конечно да се воспостават норми и концепт што ќе бидат и гаранција за заштитата на човековите права и слободи, но истовремено и силна брана против секакви тенденции на корумпирање, на безбедноста и против нејзиното ставање во функција на злоупотреба и незаконито работење, рече министерот Спасовски.

Тој се осврна и на формиањето на Оперативно – техничката агенција ОТА, како независен државен орган за следење на комуникациите и овозможувањето на пристап на податоци на органите овластени за следење на комуникациите и на АНБ формирана од 1. Септември 2019 година, чии цели и задачи се јасно дефинирани, без полициски обвластувања, со превентивна, а не респресивна фукнкција. За координација на безбедносно-разузнавачката заедница, потсети, формирано е посебно тело со прецизен делокруг на работа.

Континуирано овие неколку години се планираа средства во буџетот на МВР и се инвестираше во материјално обезбедување на униформираните полициски службеници од сите организациони единици, со нова опрема и униформи, кои после повеќе години ги обновивме. Со тоа јасно дадовме до знаење дека на секој полициски службеник треба и мора да му се обезбедат елементарни предуслови за нормално работгење и оти интегритетот, опременоста, статусот на полицискиот службеник се императив без кои е невозможно спроведување каква било системска реформа во тој домен, истакна министерот за внатрешни работи.

Говорејќи за севкупното подобрување на професионалните услови за работа, меѓу другото Спасовски потсети дека се санирани, делумно или целосно реконструирани, во овие пет години 72 објекти на МВР во сите Сектори за внатрешни работи.

Довербата на граѓаните во полицијата расте, а параметрите укажуваат и на намалување на стапката на вкупниот криминал од година во година во споредба со претходниот период, како и зголемување на вкупната ефикасност за на полициските служби со постигнати значајни успеси во откривање на криминалот со дрога, криумчарењето мигранти, корупцијата, економскиот криминал, откривање криминални групи, во безбедноста на сообраќајот, преку намалвуање на жртви во сообраќајот и намалвуање на сообраќајни незгоди, рече Спасовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.