Со видеопорака министерот за внатрешни работи Оливер спасовски денеска на Фејсбук се пофали дека на припадниците на Шестата управа пред 4 годни им набавил нови комплет униформи, а на крајот на минатата година добиле и цивилни униформи.

Вработените во Одделот за заштита на определени личности и објекти, познат како Шеста управа, во 2018 година добија нови комплет службени униформи и тоа после многу години, а на крајот од минатата 2021 набавени се и нови цивилни униформи. Набавени се униформи за моторното одделение, за претходницата, кои се набавуваат за првпат, а исто така, за потребите на Одделението за претходница, сообраќајно и ескортно обезбедување, набавени се 30 нови комплети за мотоциклистичка опрема, со посебни заштитни кациги, кои се со најсовремена технологија и можат да придонесат за безбедна комуникација на овие колеги при извршувањето на своите задачи.
Како МВР, уште еднаш покажавме дека со добра стратешка поставеност успехот е неминовен, дотолку повеќе што со уште посилна динамика продолжуваме да ги надминуваме претходните негативни состојби на инфраструктурен план, но и во делот на материјално-техничката опременост, а со тоа и во условите за работа мотивираност на полициските службеници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.