Премиерот Димитар Ковачевски ѝ се заблагодари на Евроспката Унија што во време на енергетска криза решила да ја вклучи и Македонија во заедничкото купување течен гас од САД.

Како резултат на политиката на солидарност, Македонија се приклучува кон Платформата на ЕУ за заедничко купување течен гас и хидроген. Преку колективно настапување на пазарот, целта е да се обезбеди пониска цена за гас. Во ова време полно предизвици заедничката стратегија „заедно сме посилни“ дава резултати.

Благодарност до ЕУ што во време на енергетска криза донесе одлука Македонија да стане дел од оваа платформата за заедничко купување течен природен гас како дел од стратегијата за справување со последиците од руската агресија врз Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.