По молитвите на Светите браќа Кирил и Методиј, Светиот сабор на СПЦ со зборовите на српскиот Патријарх Порфириј по долгата заедничка богослужба во Соборниот храм во Скопје ни донесе убава вест – да ја благослови и признае автокефалноста на Македонската православна црква- Охридска Архиепископија, напиша на Фејсбук Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Не врне ли дожд од Бога подеднакво за сите? А сонцето не грее ли исто така за сите?” – ова се зборови на Светите браќа Кирил и Методиј кои го отсликуваат овој радосен ден, ден на восклик, историски миг на исполнување на сонот на многу генерации.

По молитвите на Светите браќа Кирил и Методиј, Светиот сабор на СПЦ со зборовите на српскиот Патријарх Порфириј по долгата заедничка богослужба во Соборниот храм во Скопје ни донесе убава вест – да ја благослови и признае автокефалноста на Македонската православна црква- Охридска Архиепископија.

Во оваа прилика би сакал да упатам срдечни честитки до македонските граѓани, за силната вера, смирението и заложбата за заедништво.

Нека расте црквата Господова, ко што расте пламенот на Божјата љубов меѓу браќата и сестрите по Христа. Кога браќата се сакаат, се радуваат и Небото и Земјата. Впрочем, како што рече и поглаварот на МПЦ-ОА, г.г.Стефан, и Кирил и Методиј по духот ни припаѓаат на сите.

Благодарност за мудроста на Неговата Сесветост Патријархот Вселенски г.г. Вартоломеј, за укажаното братољубие од српскиот Патријарх Порфириј, како и до сите браќа и сестри од православната екумена, и секако огромна благодарност и признание до МПЦ-ОА, Архиепископот охридски и македонски, г.г Стефан, и митрополитите коишто неуморно дејствуваа да се оствари овој сон на сеопшта радост на верниот македонски народ“, пишува во објавата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.