Добиените милиони, тендери, и проценти на агенцијата Рејтинг на Спасов се олицетворение за тоа како функционира СДС, и зошто СДС шири лаги, дезинформации, креира лажни вести, навреди и црн пи-ар, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Спасов кој во ек на владеењето на СДС и ДУИ доби 10 милионски бизнис, како и над половина милион евра тендери од разни институции водени од СДС кои изминатите години се слеаја кон агенцијата Рејтинг на Спасов  сега ја има главната улога да ги одработи тие пари преку црн пи-ар.

Македонија го имаше најлошото искуство со СДС во изминатите години кога на дело се покажа како аздисано се трошат народните пари, како се делат тендери во четири очи, како бескрупулозно се празни државната каса.

Нема веќе затајување на данок, нема веќе „Евро за црквата, евро за Вицето“, нема веќе купување на златни чинии и луксузирање на државна сметка, времето на недопирливите заврши, како што заврши и времето на не наменски трошења 10-тици и 100-ци милиони евра  како оние на Мила Царовска за дигитализација на училиштата, а учениците да немаат ниту книги.

СДС направи историски грабеж и ја потона земјата во криминал и корупција и токму поради стравот од одговорност сега преку агенцијата Рејтинг ја трујат и манипулираат јавноста, а Спасов си ги одработува милионските бизниси.

СДС треба да се реформира, СДС треба да знае дека нема јака опозиција со вакви репрезенти и да расчисти со криминалците и бандитите во сопствените редови за кончено да биде здрава и конструктивна опозиција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.