Факт се неколку работи. Прво и основно дека целкупниот процес доби на динамика како резултат на одлуката на Вселенската Патријаршија да ја прими МПЦ во канонско единство со останатата православна екумена. Оттогаш натака видовме како некои процеси кои тапкале во место 50-тина година добија на засилен идентитет, изјави универзитетскиот професор Александар Спасеновски за „Вин вин“ на Телма.
Тој нагласи дека активностите на МПЦ во насока на автокефалност и во таа смисла финиширањето со одлуката на Вселенска Патријаршија добиваат на интензитет некаде во 2017-2018 кога се случи и писмото на Синодот на МПЦ со кое се бара Вселенскиот Патријарх да го искористи правото на апелација. Во меѓувреме се случија активности кои го динамизираа процесот.
– Сето ова е дел од поголем проект кој има смисла доколку заврши со Томос за автокефалност. Во однос на автономниот статус. Од една страна сме убедени дека одлуки од карактер за понизок статус се носи од страна на институции кои имаат поголем легитимитет како што е Соборот на МПЦ ние немавме таков настан. Сметам дека станува збор за ситуација од која никој не бара од никого да се откаже или прифати нешто, рече тој.
Според него доколку го следиме симболичкиот карактер на литургијата на помирување и настаните по литургијата, во таа точка СПЦ како резултат на потегот на Вселенска Патријаршија оди кон тоа МПЦ да добие автокефален статус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.