Прашањето на автокефалноста на МПЦ-ОА е последното нерешено важно национално и државно прашање чие успешно надминување неповратно ја зацврстува и ја унапредува стабилноста на нашата држава, пишува Александар Спасеновски за „Религија.мк.

Според него, одлуката на Вселенската партијаршија да ја прими наследничката на славната Охридска архиепископија во канонско единство е повеќе од историска бидејќи после толку децении конечно се признава каноничноста на нашата црква и се остваруваат вековните стремежи на православните христијани за своја признаена црква.

 Со одлуката, Вселенската патријаршија уште еднаш ја покажа својата големина и историска одговорност, а личноста на патријархот Вартоломеј, пак, како и неговото наследство управувајќи ја Црквата овие децении, претставува голем благослов бидејќи оваа генерација православни христијани конечно почнаа да го сведочат чинот на вклучувањето на наследничката на славната Охридската архиепископија во заедницата со останатите православни цркви чија глава е Вселенската патријаршија. За многу години!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.