СОЗР и Владата признаа дека во време на криза набавиле кафе за 50.000 евра, реагираат од најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ.
Владата призна дека наместо да воведува антикризни мерки, наместо да штеди и да се грижи за граѓаните, тие ќе пијат кафе по цели денови. Тотално е неважно дали СОЗР набавува кафе за Ковачевски, Спасовски или Николовски, важно е дека заради нивната неспособност граѓаните трпат сиромаштија.
Луксузот на Владата ја покажува незаинтересираноста и негрижата за граѓаните и државата, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.
Според партијата, Владата и СОЗР може да кажат исто така дали е поважно да пијат кафе со златни лажички кои исто така ги набавија во време на сериозна криза или пак е поважно граѓаните да имаат да се прехранат.
Едно е јасно, знаеле дека ќе има сериозна економска криза и воопшто не им било важно, сметаат од ВМРО ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.