Советот на јавни обвинители од медиумите слушнал за обвинувањата на обвинители од Вишото обвинителство за притисоци од главниот обвинител Љупчо Коцевски да се внимава во предметот за СЈО и бонусите кои ги делеле, со укажување да не се даде својство на ВМРО-ДПМНЕ на оштетен.

Од Советот на јавни обвинители за МТВ велат дека собираат информации за тоа што се случувало.

Вишиот обвинител Јован Цветановски кој го води случајот, вели се собира документацијата и ќе се бара одржување јавна седница во Советот на обвинители. Тој што треба мене да ме заштити од закани и притисоци, веќе не е заштита, вели Цветановски.

Ниту во Министерството за правда немаат повеќе информации за случајот. Министерот Игор Филков, денеска за медиумите кратко изјави:

Треба да видиме за што се работи.

Вишиот обвинител Цветановски вели дека за прв пат се соочил со ваков тип закана, но тврди, одлуката за случајот бонуси во СЈО ќе биде независна.

Предметот со бонусите на ексобвинителите од СЈО, по жалба од страна на ОЈО ГОКК во Вишото обвинителство стигнала на почетокот на месец септември. Според тврдењата на Хајрулахи, на 19 септември Коцевски му се јавил телефонски да се видат. Вишиот јавен обвинител бил кај републичкиот, при што му било потенцирано да внимава по предметот со бонусите на СЈО и да не се дава својство на оштетен на политичката партија ВМРО – ДПМНЕ, која поднела жалба до Вишото обвинителство за овој случај.

Му одговорив дека задолжен е јавен обвинител со предметот и по проучување истиот ќе биде рефериран кај мене е видиме кој е ставот на обивнителот. Му нагласив дека јас не можам да се мешат во работата на ЈО, дека по закон јавните обвинители во постапувањето се самостојни. Коцевски ми посочи дека како и да е, предметот е сензитивен и повторно нагласи на ВМРО-ДПМНЕ не смее да се даде својство на оштетен. По разговорот со Коцевски, кој се одвиваше на висок тон, направив службена белешка. Го повикав обвинителот Јован Цветановски за да му пренесам каков разговор имав за предметот. Видно се вознемирен бидејќи за него пораката од Коцевски претавува директна закана – изјавува Хајрулахи за Реублика.

Коцевски вчера изјави дека ваквите наводи се апсолутно невистинити. Вели ниту во овој, ниту во било кој друг предмет не бил вршен притисок. За надзорот коментира дека тој бил дел од планираните контроли во сите виши обвинителства во државата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.