Саше Јанчев е Советник од Левица во општина Гевгелија, тој на својот Фејсбук го откри идентитетот на инспекторот кој го казни угостителот градот со казна од 7 илјади евра, казна која најверојатно ќе го примора да го затвори својот ресторан.

-Ова од лево на првата слика е инспекторот по чиј налог за сертификати беше напишана казна од 7 000 евра и забрана за работа 10 дена на ресторан во Гевгелија-напиша Јанчев.

 

„Ми го уништија бизнисот, не можам да платам 7,000 евра казна за Ковид сертификати“, рече Илија Митрев, сопственик на ресторанот „Крим“ од Гевгелија, кој бил казнет од инспекцијата поради неколку гости кои седеле во локалот со лажни сертификати за вакцинација против ковид-19.

„Две години се боревме да преживееме. Две години не можеме два денара да извадиме. Позајмици правам да платиме струја, плати. Ова е катастрофа. Дали сум јас или некој друг, вака не бива. Јас не сум убиец. Идат гости, во време кога има 100,000 лажни сертификати, кога економијата е нула, ова ни го прават, знаете ли колку пара е седум илјади евра?, изјави сопственикот Ице на собирот на граѓани пред неговиот ресторан кои дојдоа да му изразат поддршка против неправедната одлука на гевгелиската инспекција“, рече Митрев вчера пред неколку десетици луѓе собрани пред неговиот локал.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.