Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Струга против Одлуката за поставување на спомен обележје – плоча од Косово на Советот на Општина Струга Бр.08-4322 од 27.10.2022 година, објавена во „Службен гласник на Општина Струга” бр.11 од 02.11.2022 година, поднесе:

Предлог за оценување на уставноста и законитоста до Уставниот Суд на Република Македонија со посебно барање за донесување на решение за времена мерка за запирање на извршување на побиваната одлука;

Барање за вршење вонреден инспекциски надзор до Државниот инспекторат за локална самоуправа;

Барање за вршење вонреден инспекциски надзор до Министерството за култура; и

Барање за вршење вонреден инспекциски надзор до Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам.

Донесената одлука е спротивна на важечките урбанистички планови во општина Струга, спротивна на член 17 став 1 и 2, на член 18 в. в. член 10, 11, 12, 13, 14, 15 и 16 и на член 25 сите од Законот за меморијалните споменици и спомен обележја, објавен во „Службен весник на Република Македонија” бр. 66/04, 89/08 и 152/15 и „Службен весник на Република Македонија“ бр. 103/21, поради следните причини:

Одлуката е донесена без ревидиран основен проект и без никаква техничка документација, само врз основа на приложена скица и рендерирана фотографија;

Во важечкиот ГУП и ДУП донесени од Советот на Општина Струга на конкретната локација воопшто не е предвидена изградба на спомен обележје;

Советот на Општина Струга нема донесено програма за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен-обележја која се донесува за период од пет години;

Советот на Општина Струга нема именувано Одбор за подигнување на спомен-обележје.

Без кумулативно исполнување на сите горенаведени услови неможе и несмее да се издаде одобрение за градење на спомен обележје – плоча, a споменикот кој бесправно се гради на лице место е класична дивоградба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.