На маргините на овогодишниот Преспа форум за дијалог, на 16 јуни 2022 година се одржа состанок на Тројката претседавачи со ОБСЕ: министерот за надворешни работи на Полска, Збигњев Рау, министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, и во име на шведската министерка за надворешни работи, амбасадорката Кристин Форсгрен Бенгтсон. На состанокот учествуваше и на Генералната секретарка на Организацијата, Хелга Шмит.
На состанокот се разговараше за актуелните безбедносни ризици со кои се соочува регионот на ОБСЕ и улогата на Организацијата во справување со истите. Притоа, актуелниот претседавач со ОБСЕ, министерот за надворешни работи на Полска Збигњев Рау информираше за нивното досегашно искуство во дадениот контекст и предизвиците со кои се соочуваат во имплементацијата на нивната агенда.
Министерот Османи истакна дека почитувањето на заеднички утврдените принципи и заложби на Организацијата не смеат да биде доведени во прашање и дека Тројката на ОБСЕ активно ќе работи на нивна заштита и промоција.
На состанокот беше усвоена и заедничка изјава со која меѓу другото беше реафирмирана осуда на агресијата од страна на Руската федерација врз Украина и беше упатен повик за итна деескалација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.