Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска (21.09.2024) беше во работна посета на Општина Кавадарци каде оствари средба со градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Директен повод за средбата беше добивањето директен пристап на МВР – ОВР Кавадарци во современиот мониторинг центар, кој е во состав на општината. Овој директен пристап во сопствените простории до системот ќе биде во насока на координирано, брзо и ефикасно работење на полицијата заедно со локалната власт во интерес на јавната безбедност на граѓаните на Кавадарци.

„Голема благодарност до градоначалникот и општината Кавадарци затоа што успеаја овој систем да го создадат сами со сопствени средства и да го споделат со МВР. Со овој систем од над 200 камери кој ќе го имаме во рамки на системот на министерството значително ќе го подигнеме квалитетот на работењето на полицијата. Факт е дека криминалитетот во Кавадарци е значително намален во изминатиот период и очекуваме со пристапот на МВР до овој систем и посветеното работење уште повеќе да се подобри безбедносната состојба во општината.
Ние како министерство сме фокусирани максимално на проектот којшто е поврзан генерално со зголемување на безбедноста на граѓаните на целата држава, проектите од „Сејф Сити“ како во Кавадарци, така и Скопје, Куманово и Тетово. Ќе сториме се во најбрз можен рок да ги ставиме во употреба сите тие технолошки системи во овие четири града а понатаму на целокупната територија се со цел да добиеме едно побезбедно општество, потенцираше министерот Тошковски.

„Општина Кавадарци ви изминатите пет години инвестираше во Сајф Сити град со поставени над 220 камери на територијата на Кавадарци со цел заштитување на урбаната опрема од појави како хулиганство. Таа цел ја постигнавме и надминавме. Истите камери со меморандум за соработка ги префрламе на ОВР Кавадарци каде полиција ќе делува првентнтивно во заштита на безбедноста на жителите на Кавадарци. Со поставување на камерите, криминалитетот последните четири години е во драстичен пад, а огромен број од откриените кривични дела се откриени заради присуството на камерите“, нагласи градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.