Во каква состојба е македонското здравство и оти луѓето се оставени буквално да умираат раскажа и гледач во емисијата „Јади бурек“. Гледач ја раскажа ништо поминал со неговата сопруга и како таа починала.
Никој не те гледа, не дај боже да одиш во болница, оставени се луѓето само на себе – рече сопругот.
Голготата започнала откако неговата сопруга имала проблеми со срцето и бубрезите за да биде примена во болница, но да лежи со пациент позитивен на Ковид 19 по што била пуштена дома.
Во домашни услови ѝ се влошила здравствената состојба и веднаш била сместена во Ковид болницата на инфективното одделение.
Но за жал, кратко потоа таа починала, а притоа ѝ бил украден златниот накит и мобилниот телефон.
Водителот Јанко Илковски на Фејсбук истакна дека тој неговиот тим се длабоко потресени од сведоштвото на сопругот.
Целата екипа, заедно со мене, бевме силно и длабоко потресени од траорното и искрено сведоштво на човекот кој неутешно липаше и плачење додека говореше за загубата на сопствената сопруга. Кога ќе соберам сили, неговото јавување ќе го издвојам и ќе објавам да биде сведоштво што преживувал народов. Не можам да споделам како се чувствував, најмногу поради фактот што не очекував, беше релативно забавна емисија и не се надевав дека ваков крај може да се случи, како бокс во плексус … уште сум потресен, пишува Јанко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.