Сојузот на средношколци на Република  Македонија соопшти дека активно ќе се приклучи во поддршка на протестот кој ќе се одржи попладнево за состојбата со јавниот превоз и недостиг на автобуси во Скопје.

Во допис до медиумите Сојузот нагласува дека бараат решение за проблемот кој е „горлив и сериозен“ затоа што „особено ги засега средношколците, правејќи го секојдневното патување до училиштата низ градот сè потешко“.

Протестот ќе почне 14:00 часот пред старата пошта во Скопје, по што учесниците ќе се упатат кон Град Скопје, каде што протестот ќе продолжи од 14:30 часот. Како млади луѓе кои директно се засегнати, бараме итни и одржливи решенија за враќање на јавниот превоз и обезбедување еднаков пристап до образование за сите ученици, истакнува Сојузот.

Во дописот додава и дека „останува посветен на застапување на правата и потребите на учениците и обезбедување дека нашите гласови ќе бидат слушнати за прашања кои го засегаат нашето образование и секојдневен живот“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.