„Сојузот на средношколци го поздравува постигнатиот договор меѓу СОНК и Владата. Задоволни сме дека обете страни го послушаа нашиот апел и празничниот период го искористија да постигнат заеднички компромис”, објави Сојузот.

„Најраното можно враќање на учениците е во среда, што значи 10 загубени работни денови. Затоа го повикуваме членството на СОНК во најбрз можен рок да го одобри договорот. Бараме од Министерството за образование и наука Сојузот да биде вклучен во одлучувањата за надомествувањето на пропуштениот материјал“, пишува во реакцијата на Сојузот на средношколци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.