Окружно јавно обвинителство на Софија поведе предистражна постапка поради закани по животот упатени кон Христијан Пендиков, кој беше повреден во инцидентот пред угостителски објект во Охрид на 19 овој месец.
Како што информира портпаролката на Јавното обвинителство, Сијка Милева, Пендиков поднел пријава до Генералната дирекција за борба против организираниот криминал (ГДБОП) при бугарското Министерството за внатрешни работи дека во објава на социјална мрежа „му била упатена заканувачка порака на македонски јазик“, како и дека на интернет биле објавени негови фотографии со повици за „насилство врз него“.
Според Милева, надлежниот јавен обвинител наредил ГДБОП да извиши увид по пријавата.
Обвинителството на Република Бугарија ја претвори во своја кауза поведувањето постапки против злосторствата од омраза, со кои се соочува и целата европска заедница, додаде Милева.
Пендиков, кој се здоби со повреди при тепачката во Охрид, минатата недела беше префрлен на лекување во Софија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.