Пред почетокот на денешната 17.седница, Собранието ја констатираше оставката од пратеничката Марија Митева која беше именувана за портпарол на Владата. Пратениците изгласаа неколку закони кои беа на дневен ред на 17-та и 16-та седница.
Во рамки на 17.седница пратениците не го изгласаа Предлог на Законот за дополнување на Законот за домување во прво читање поднесен од пратениците на Левица за ограничување на кириите за станови. Додека, пак, беше изгласана потребата за да се донесе по скратена постапка Предлог на законот за изменување на Законот за домување, пооднесен од Владата.
Пратениците го изгласаа како неоправдано Барањето за давање на автентично толкување на член 20 став 2 од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, поднесено од пратеникот Оливер Спасовски.
Собранието ја изгласа потребата за донесување по скратена постапка на неколку закони – Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за електронските комуникации, Предлог на закон за изменување на Законот за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти, Предлог на законот за изменување на Законот за урбано зеленило, Предлог на законот за изменување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија, Предлог на законот за изменување на Законот за јавните патишта, Предлог на законот за изменување на Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај, Предлог на законот за изменување на Законот за поштенските услуги, Предлог на законот за изменување на Законот за скијалишта, Предлог на закон за изменување на Законот за домување, Предлог на законот за изменување на Законот за автокампови, Предлог на законот за изменување на Законот за градежно земјиште, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за градење, Предлог на законот за изменување на Законот за урбанистичко планирање, Предлог на законот за изменување на Законот за воздухопловство, Предлог на законот за изменување на Законот за интероперабилност во железничкиот систем, Предлог на законот за изменување на Законот за жичари и ски-лифтови, Предлог на законот за изменување на Законот за договорите за превоз во железничкиот сообраќај, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки, Предлог на законот за изменување на Законот за градење и други закони.
Во рамки на 15. седница пратениците ги разгледаа и донесоа по скратена постапка Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Македонска академска истражувачка мрежа, Предлог на законот за изменување на Законот за матичен број, по скратена постапка, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште, по скратена постапка и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за фитофармација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.