Со заканите за прекин на штрајкот и бркање на наставниците од работа го загрозуваат нивно основно право загарантирано со Устав, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Правото на штрајк е загарантирано со Устав, а владата се однесува спротивно на тоа, како и со се што до сега правеше.

Заканите на Тренчевска дека ќе ги брка од работа оние кои ќе штрајкуваат е газење на авторитетот и достоинството на просветните работници.

Заканите и уцените од страна на владата се фијаско кое ќе остане црна дамка за власта која ќе се памети засекогаш. Понижувањето на наставниците нема да биде заборавено.

Просветниот кадар се наоѓа во нерамноправна и лоша позиција. Потребно е прифаќање на нивните барања и овозможување достоинствени услови за работа.

Владата ги притиска наставниците и не сака да ги реализира нивните барања, за да има повеќе пари во буџетот за тендери и матни зделки.

Додека наставниците работеа за мали плати Рашковски, Зекири, Дончев, Филипче вртеа милиони на матни тендери. Токму затоа владата не сака да им ги зголеми платите на наставниците, нагласуваат од ВМРО ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.