Какви двојни аршини се спроведуваат и каква селиктивна правда има може да видите од овој случај на Шарената револуција, која ја запали канцеларијата на претседателот на државата, реагира Јане Ченто, по доделените условни казни за Здравко Савески и Владимир Куновски, единствените против кои се водеше процес за демолирањето на канцеларијата на Ѓорѓе Иванов.
Во членот 313, за коj сме осудени над 15 години затвор пишува: „Тој што со намера да го загрози уставниот поредок или безбедноста на Република Македонија ќе предизвика или сериозно ќе се закани со предизвикување експлозија, пожар, повторувам пожар, ќе се казни со казна затвор од најмалку 10 години.” Шарената револуција ја запали цела држава, граѓаните не можеа да излезат по улиците, имаше акти на насилство каде беа повредни повеќе од 200 полицајци и недолжни граѓани. Морам да повторам за да сфати народот, ако се сеќавате имаше секојдневно насилства, а кулминација беше тоа што ја запалија канцеларијата на претседателот на државата, над таа канцеларија има станови, луѓе кои што живеат во тие згради каде што овие кои беа организирани ја запалија канцеларијата, а со тоа и зградата во строг центар на Скопје. Очигледно беше дека се добро организирани, го малтретираа народот со месеци, ја запалија Македонија и на крај условни казни, а за некои нема ниту обвинение, потенцира Ченто.
Според него, целта беше:
– Тоа што СДСМ преку нас што ќе не осуди на драконски казни сакаше да го скрши македонскиот народ и во тоа успеа, за жал;
– Името беше главна цел и помина како што сите знаете, со притисоци и уцени се изгласаа уставните измени.
– Апелирам до идната македонска влада, особено во делот на МВР каде имаше операција „Облак“ да го отвори процесот за Шарената револуција, како се пуштани пари од странство на чии имиња, за чии цели, која беше намерата и целта (која денес ја знаеме), кои се инволвирани во една таква операција за рушење на легално избрана власт, сите учесници од СДСМ кои земале пари и беа добро ОРГАНИЗИРАНИ треба да одговараат за тоа што се случи.
– Таму имаше доста излажани луѓе кои денес гледаме се каат што учествувале во таа Шарена револуција, луѓе кои биле со искрени и чесни намера за ПРАВДА.
На нив треба да им се прости, ама не и на тие што ја водеа таа операција за рушење на легитимино избрана влада.
Тие еден ден мора да одговараат за тоа што го направија и што уште и го прават на Македонија, пишува Ченто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.