Македонскиот пасош со старото име можеби се уште е во употреба во дел од европските земји, но не и во Германија. Дипломатски извори за Дојче Веле објаснуваат дека со пасошот без уставното име не може да се влезе во Германија, доколку патникот доаѓа од С Македонија или од трета држава.
Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски, во понеделникот во изјава за медиумите посочи дека „стариот пасош се употребува во Германија, Швајцарија, Албанија, Косово“. Според него, срамота е што не важи и во земјава заради важечкиот законски пропис, а решението го гледа во менување на Законот за патните исправи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.