Чест и задоволство ми е денеска со сигурност да верувам дека чекорот што го преземам, доверувањето на мандат за состав на влада на Христијан Мицкоски е вистински правен и политички чекор, порача денеска по церемонијата претседателката Гордана Силјановска Давкова.

При конституирањето на Собранието, претседателот на Собранието беше избран со 76 гласа „за“. Овој резултат и преговорите што се во тек ми даваат за право основано да сметам дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски има сериозна можност да формира влада односно да освои 61 глас за својата програма и за составот на владата што, се разбира, ќе го предложи во следните 20 дена, вели претседателката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.