Државниот испитен центар информира дека денес 1 јули 2022 година во 12 часот ќе се објават прелиминарните резултатите од државната матура, 12 дена порано од законскиот рок. Истите се испратени до училиштата, а може и електронски секој кандидат со најава на http://rezultati.dic.edu.mk да ги види своите.

Државната матура оваа година се реализираше во согласност со договорот со средношколците, односно два екстерни, два интерни предмети и проектна задача и скратени испитни програми.
Средната оценка на екстерните испити од прелиминарните резултати е 3,78 и е повисока во однос на минатата година кога изнесуваше 3,61.

Следува период на приговори, односно заклучно со 5 јули 2022 година учениците може да поднесуваат приговори во училиштата. Резултатите од приговорите ДИЦ ќе ги објави на 11 јули 2022 година. Увидот во тестовите лично од страна на кандидатите е на 13 јули во ДИЦ, по предходна најава и закажување термин телефонски на 12 јули 2022 година.

За сите дополнителни информации матурантите може да се информираат од училишните матурски комисии во своите училишта и на www.matura.gov.mk.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.