Од проектите во програмата која има 1198 проекти би издвоил неколку. Прво, линеарно зголемување на пензии за 5 илјади денари за да имаат подостоинствен живот, второ, за млади тука е проектот Купи куќа со поволни услови за да имаат свој дом, трето, огромни субвенции во земјоделието и правилна распределба, четврто, борба со корупција и криминал преку распуштање на Судски и обвинителски совет и воведување на функционална правна држава и петто, враќање на националната гордост на македонскиот народ, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување на телевизија Алфа во емисијата „Вечерно шоу на Богдан Илиевски“.
Покачувањето на пензиите е суштинско прашање и се работ за неправда која треба да ја исправиме: Системот на определување на пензии е со 9 категории поврзани со стаж и колкава плата се земала во работен век и тоа во идеални услови може да е добро. Но, кога ќе видите кој во Македонија зема најниски пензии тоа се луѓето кои во деведесеттите ги изгубиле работните места при неправедната приватизација на СДСМ. Тие луѓе кои беа избркани од работа ли беа избркани ли не им плаќаат придонеси. Тоа го правеа директорите да ги обезвреднат фирмите, а дел ги земаа за без пари фирмите, а нивните деца се сега на функции. И тогаш и сега се страда од луѓе на СДСМ, од олигархијата, кажа Николоски.
Николоски посочи дека приоритет е и борбата со корупцијата и криминалот.
Има неколку модели за кои треба да размислиме за избор на лицата во судски и обвинителски совет на пример еден е оној на кој се бираат членови на Антикорупциска, ама модел во кој судиите или обвинителите сами бираат луѓе кои треба нив да ги оценуваат во менталитет како македонскиот не носи до тоа да нема никаква доверба во оваа правосудна област, вели Николоски.
Потпретседателот Николоски укажа дека во 2018 година било јасно дека криминалот и корупцијата се главни проблеми на патот кон ЕУ.
Да покажеме резултати во борбата против корупција и криминал притисокот веднаш ќе се прави во Софија, а не кај нас. Работата е едноставна да покажеме напредок во борбата против корупцијата и криминалот веднаш ќе биде поинаку, изјави Николоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.