Со црвени вратоврски на кои пишува премиер – Албанец – 28.01.2024, Али Ахмети со сопартијците го славеше изборот на Талат Џафери за премиер на преодната влада.

Видеа од славјето на Тик-ток објавува Бленди Февзиу – водител на популарното ТВ-шоу „Мислење“ (Опиниони) на ТВ Клан Албанија, кој е еден од четворицата ВИП гости на ДУИ за кои порталот „Икс“ објави дека цел ден се превезуваат со службено возило од Министерството за политички систем со кое раководи Артан Груби, пишува „360 Степени“.

Според сторијата на „Икс“, гостите прво пиеле виски и пушеле цигари во канцеларијата на Али Ахмети, заедно со домаќините, а потоа ги зазеле столчињата во ВИП-ложата во пленараната сала на македонскиот парламент.

Мислевме дека ДУИ како домаќин само сака да им направи чест на гостите од Албанија и Косово, но испадна добро организиран план за пропаганда. Од утрово Талат Џафери беше придружуван од Адриатик Келменди. Материјалите се споделуваа од портали блиски на Груби, а целата операција ја координираше самиот тој“, вели новинарот на портал „Икс“, Фуркан Салиу, во денешната видеосторија покажувајќи десетици идентични објави на портали кои важат за блиски до ДУИ.

Артан Груби, неговиот сопартиец, кој во новата влада ќе биде министер за политички систем, објави видео на својот Фејсбук профил.

Многу емоции, пријатели. Али Ахмети пее за Калош Дани“, пишува Груби.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.