При денешната посета на општина Аеродром на настанот „Твојата идеја за промени“ претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на доаѓањето на американските истражители за борба против криминалот и корупцијата, и давањето поддршка на Спасовски и владата во таа борба, наспроти секојдневните примери на законско кршење и злоупотреба дали постои надеж да се сузбие криминалот и корупцијата истакна дека со овие луѓе кои се во владата и на чело на институциите криминалот и корупцијата може само да се продлабочуваат и затоа се потребни избори и нови луѓе кои што ќе ги водат тие институции во борбата со криминалот и корупцијата.

Со овие луѓе во овие институции не само што нема надеж, туку корупцијата и криминалот може само да се продлабочуваат. Човекот кој што седум години е на чело на министерството за внатрешни работи, владата која што повеќе од пет години е влада, и партијата која што е дел од таа влада повеќе од 20 години и кои што се причината за криминалот и корупцијата во Република Македонија не можат да бидат решението. Така што било кој тим на истражители треба најпрвен да почне од владата, затоа јас велам што побрзо имаме предвремени парламентарни избори со нови луѓе на чело на тие институции толку побргу ќе дојдеме до решение за овој криминал и корупција. Еве ќе дадам два примера, првиот пример вклучува три институции, тоа е царината, тоа е МВР и нека биде управата за јавни приходи. Нека се извади листа од последните пет години, луксузни возила со цена на чинење повеќе од 50 илјади евра, кои се сопствениците на тие возила а потоа преку УЈП нека се провери годишната даночна пријава на тие луѓе како се стекнале со тие пари за да ги купат тие луксузни возила. Многу едноставно, еве втор пример, институција катастар, институција УЈП нека проверат кои се сопствениците на луксузни станови со вредност на чинење поголема од 100 илјади евра и нека ги проверат нивните годишни даночни пријави, како ги заработиле тие пари. Не треба повеќе да одиме, доволно е само ова да го направат и ќе дојдеме до тоа каде корупција имаме, каде имаме криминал, кои се сопствениците, како се стекнале со тој имот, многу едноставно, не треба многу длабински да навлегуваме па да даваме изјава во насока на поддршка на борбата против криминалот и корупцијата па тимови специјални. Еве овие институции, овие институции со овие луѓе кои што се сега на чело на тие институции одговор на ова прашање нема да ви дадат. Затоа се потребни предвремени парламентарни избори со нови луѓе во тие институции кои што немаат концесија, кои што не се контаминирани, за да можеме да дојдеме до одговорот на оваа хипотеза која што јас денеска ја поставувам овде пред вас и пред македонската јавност – нагласи Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.