Ние неодамна на една од владините седници поднесовме барање да се формира работна група со претставници од СОЗР, кабинет на претседател на Влада, кабинет на министер за добро владеење, министерство за финансии, министерство за внатрешни работи, за енергетика и рударство и генерален секретар. Практично сакаме да воведеме еден регистар на возила и истите да добијат соодветни таблици, односно таблици во боја што ни е и едно предизборно ветување кон граѓаните кое сега почнуваме да го исполнуваме, рече Ивица Томовски, директор на Службата за општи и заеднички работи во Владата на денешното гостување на телевизија 21.

Томовски информираше дека истото ќе се спроведе преку измени во два закона, Законот за возила и Законот за ствари во државна и во општинска сопственост.

Со тоа сметам дека ќе се исфрли, односно намали целосната злоупотреба на службените возила. Првите информации и детали ќе ги имаме кога ќе се формира работната група. Мислам тоа ќе биде во среда, а првиот состанок во петок и потоа ќе се знае првично во каква боја ќе се таблиците, дали ќе се разликуваат од институција до институција и слично, информираше Томовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.