Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците (ОДАС) реагира на донесеното решение за справување со прекинот на наставата поради дојавите за бомби.
Како што се наведува, решението предвивува онлајн настава за учениците од средните училишта, но не гарантира квалитетна настава, надоместок на изгубената настава и успешно одвивање на полагањето на државната матура.
„Оваа генерација на средношколци нема една цела година со непрекината настава, а тоа директно ќе се одрази на резултатите од матурата. Учениците го изразуваат својот револт и страв околу ова решение и како тоа ќе влијае на нивниот успех на матурата.
Од искуството од пред две години, кога во текот на корона-кризата се учеше онлајн, се покажа дека онлајн наставата е неефикасен начин на спроведување на образовниот процес. Учениците беа оставени да се справуваат со новонастанатата ситуација, како и со академскиот притисок и предизвиците со менталното здравје, велат од ОДАС.
Од надлежните бараат да применат поефикасно решение на проблемот со онлајн-наставата, да го решат проблемот со дојавите за бомби во училиштата и да им излезат во престрет на матурантите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.