Со благослови, осветување на славскиот колач, посна трпеза за прилепчани, во центарот на градот, пред параклисот посветен на светецот Свети Никола, Прилеп ги одбележа градската слава, празникот и светецот заштитник – Свети Никола.
Светецот Никола е за правдата и за заштита на неоправданите, нагласи владиката Петар кој изутрината чиноначалствуваше со светата литургија во прилепската црква „Свето Благовештение“.
Барањето правда за онеправданите е основното одличје на светецот Никола. Тој е заштитник на децата, на сиромашните, на морепловците. Треба да се раководиме од неговите достигнувања, а Прилеп ги одржува традициите и почитувањето на верата и доблестите, рече владиката Петар.
Прилепскиот градоначалник Борче Јовчески нагласи дека градот по 17-ти пат организирано го слави светецот заштитник, а во 2008 година градот и државата се запишаа во книгата на Гинисовите рекорди со најголемата порција посни сарми.
Прилеп ги одржува традициите, а наше е да го развиваме градот, да ги цениме вредностите и да изградиме заедница според сите стандарди, рече Јовчески.
Годинашни домаќини на прославата се градежната компанија „Теракота инженеринг“ која обезбеди посно јадење за прилепчани на кои им се делеше на плоштадот „Александрија“.
Прилеп како ретко кој македонска средина знае да одговори на сите традиционални вредности, рече Гордан Бошкоски, косопственик на „Теракота инженеринг“.
Наредната година домаќини на прославата на градската слава во Прилеп се компанијата „Конфи ангел“. Сопственикот Ирена Јакимоска смета дека надежда и љубовта се чувства кои поврзуваат.
Ние сме тие кои може да обезбедиме континуитет на трдицијата и на сите вредности, рече Јакимоска.
Прилепчани се горди на традицијата. Сакаат да се одржат традиционалните вредности и да се вратат сите што заминале од земјава за да се поддржи заедништвото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.