Државата речиси и не се интересира какви се ефектите од вложувањето во младите луѓе кои се образуваат на престижните универзитети во странство со државни пари, пишува „Плусинфо“, анализирајќи дека иако се потрошени неколку десетици милиони евра за една деценија, само 58 од вкупно 222 завршени државни стипендисти на престижните универзитети пријавиле дека се вработени. Каде се останатите 164 не се знае, иако тие имаат обврска по завршувањето на студиите да се вратат во земјава за да го одработат периодот што го договориле со добивањето на стипендијата. Неофицијално, голем дел од нив веќе се во странство, а дел кои не нашле работа во земјава се подготвуваат да заминат во странство и да ја ефектурираат дипломата која ја стекнале.
Со овие стипендии во јавноста проструија и неколку афери на деца на функционери на кои им беше исплаќан највисокиот износ на стипендија од 40.000 долари годишно, а за кои нема информација дека се вратени во земјава и бараат работа.
Тоа говори дека државата нема план како да го ефектуира ова вложување, не го планира нивно вработување и не успева да создаде клима за да ги задржи во земјава, велат експерти.
Целата сторија тука
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.