6 месеци СДС и ДУИ молчат и не преземаат никакви активности во врска со криминалот на Онкологија.Некој заработувал пари на сметка на тешко болните од рак, и наместо терапија им давал физиолошки раствор, а СДС и ДУИ 6 месеци неможат да преземат акција, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

Неактивноста на СДС и ДУИ 6 месеци покажа дека тие немаат ниту волја, ниту интерес да го санкционираат криминалот на Онкологија.Случајот Онкологија немаше да биде возможен без корумпираноста на власта. Со СДС и ДУИ народот ја загуби државата.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи криминалот и корупцијата да го разјадуваат општеството. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.