Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците и за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедноста и Агенцијата за разузнавање.

Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР треба да одржи две седници. На првата седница ќе ја разгледува Улогата на АНБ во безбедносната проверка на лицето Александр Онишченко при давањето на позитивно мислење за добивање македонско државјанство. По завршувањето на оваа седница членовите на Комисијата ќе одржа нова седница во врска со Информирањето за преземените активности на АНБ во врска со актуелните случувања со дојавите за поставени бомби во училиштата, трговските центри и други објекти.

На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се повеќе точки меѓу кои и Годишниот извештај на Државната комисија за спречување на корупцијата за спроведување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025 за период 01.01.-31.12.2021 година и годишен извештај за работата Советот на јавните обвинители на Република Македонија за 2021 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.