Скандалот со државјанството на контроверзниот ураински бизнисмен Олександр Онишченко е тежок удар и голема дамка за државата – оцени министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервју за ТВ „Телма”.

Сепак, рече министерот Османи, од овој скандал земјата може да излезе посилна. Тој посочи дека случајот со издавање македонско државјанство на Украинецот Онишченко, кој е на црната листа на САД, не смее да се остави настрана.

Не смееме ова да го оставиме настрана. Ова е дамка за нашата репутација, која што ја изградивме тешко сиви овие години, посебно во поседните години – нагласи Османи.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.