Предметот „ТНТ“ каде судијата Огнен Ставрев и вештакот Мирослав Грчев имаат кумoски врски ќе го проверува Судскиот совет.
Во новата година, ова е една од постапките, каде членовите на Советот ќе утврдуваат наклонетост на судијата кон вештачењето, а со кое се докажуваше дека објектот „Космос“ не е дивоградба и истовремено, поби 36 судски пресуди. Проверките ќе се прават преку посета на судот и увид во целиот предмет.
„Судски совет донесе заклучок на седница, дека од 1 јануари 2023 година ќе изврши посети на сите судови и проверки на предмети“, велат од Судскиот совет за „А1он“.
Кумовските врски на Ставрев и Грчев станале официјални еден месец откако судијата ја изрече првостепената пресуда за ТНТ. Ставрев го прифати вештачењето како релевантно и го ценеше во пресудата иако имаше низа забелешки од обвинетите, меѓу кои и дека Грчев е пристрасен бидејќи претходно работел вештачења за оштетените Цаноски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.