Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, денеска се сретна со амбасадорот на Република Словенија во државата, Н.Е. Грегор Прескер.

Во фокусот на разговорот беа севкупните билатерални односи меѓу Македонија и Словенија и можностите за нивно унапредување, со акцент на економската соработка. На средбата се разговараше и за европската перспектива на нашата држава, како и состојбите во поширокиот регион од Западен Балкан.

Соговорниците истакнаа дека двете држави имаат одлични билатерални односи кои се карактеризираат со постојана меѓусебна поддршка и почитување.

Премиерот Џафери ја поздрави поддршката што Словенија ја дава за европската перспектива на Македонија, како и за споделувањето на искуствата во овој процес.

Освен успешната политичка и економска соработка меѓу двете земји, соговорниците разменија ставови и за соработката во областа на одбраната, внатрешните работи, културата, науката и образованието.

Амбасадорот Прескер истакна дека Македонија заедно со другите земји од регионот е географски приоритет за Словенија и ќе продолжи активната и гласна поддршка на Словенија за европската интеграција на Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.