Еден позади друг држејќи се за јаже слепите лица протестираа за достоинствен живот од Хуманитарниот дом Даре Џамбаз до Владата

Од Националниот сојуз на слепи бараат зголемување на додатоците кои ги добиваат од државата за како што велат да можат да преживеат поради инфлацијата и секојдневните поскапувања.

Слепите лица сега за попреченост месечно земаат околу 7.500, а за туѓа нега 4.700 денари. Бараат овие додатоци двојно да се зголемат и да се врзани со просечната плата.

Дали не гледате?  Бараме прием од Ковачевски, извикуваа слепите лица пред Владата.

Бараме додатокот за спреченост да биде 40 проценти од просечната плата, а туѓата нега да биде 30 проценти од просечната плата, изјави Жарко Селковски, претседател на Националниот сојуз на слепи лица.

Откако излегоа на улица претставници од Националниот сојуз на слепи беа примени во Владата. Нивните барања ги слушна министерката за труд и социјална политика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.