Изгледа кога имаш вински визионери, не ти е проблем што инфраструктурно си пропаднат и тој сектор ти е даден на ДУИ, или дека Железницата, не само патничката, туку и товарната ти е во целосен колапс, пишува на својот фејсбук профил Ивор Мицковски.

Кога пиеш доволно вино, не ти е проблем да правиш криминален буџет од 5,5 милијарди € кои одат само на социјален мир и криминал, пошто ако Грујо крадеше една милијарда од 3, колку ли сега крадат овие?!

Кога доволно вино испарава, ти е гајле што 20-тина дивоградби во Чаир се легализирале пред да се изградат, а валјда такви се стотици илјадници низ државата.

Кога сакаш вино и лом, те боли уво што еден друг просрпски градоначалник, познат по тоа дека “никој ништо не му може”, ќе си гради 17-катница во болничкиот комплекс кај болницата „8 Септември“.

Нормално, воопшто ни то е гајле што ослободи со еден потег стотици криминалци од кривична одговорност, што секој ден некој излага од затвор, од домашен или никад не влага во затвор.

Што, луѓе во 21 век стојат со саати во редици за пасош, што граѓани молат за лек, што целиот систем, држава и институции доживуваат тотален колапс.

Следна песна на репертоарот треба да ви биде: Запаличу пола града – пошто тоа и ни се деси буквално.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.