Обраќање на премиерот Димитар Ковачевски на отворената седница на Советот за безбедност на Обединетите нации.

Ковачевски ќе се обрати пред СБ на ОН на покана на претседавачот, Швајцарија. Тој е првиот македонски премиер кој се обраќа пред Советот за безбедност на ОН.

Советот за безбедност на ОН има 15 членки, од кои пет се постојани со право на вето – Франција, Велика Британија, САД, Кина и Русија, а десет се избираат на период од две години, но така што секоја година се заменуваат по пет членки.

Советот за безбедност на ОН е орган на Обединетите Нации кој има за задача да го одржува мирот и безбедноста помеѓу нациите. Иако другите органи на ОН можат да даваат само препораки на владите на земјите членки, Советот за безбедност има моќ да носи одлуки кои земјите членки мора да ги спроведат, се наведува во владиното соопштение.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.