Од 93,84% од обработените гласови во Изборната едница 6 распоредот на пратеничките места е во корист на Европскиот фронт предводен од ДУИ. Али Ахмети на коалицијата ѝ донесе 9 мандати, додека Биљал Касами од коллицијата Вреди обезбеди 7 мандати.
Во идниот собраниски состав албанскиот електорат ќе го претставуваат Али Ахмети, Талат Џафери, Илире Даути, Мендух Таќи, Рина Ајдари, Бејџан Илјас, Илир Демири, Сали Мурати, Фатмире Исаки од Европскиот фронт иБиљал Касами, Беким Ќоку, Мимоза Муса, Халил Снопче, Фатмир Лимани, Саранда Имери-Стафаи и Садик Сулејмани од Вреди.
Освен Дафина Николоска, од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието ќе влезат и Александар Велјановски и Валентина Марчевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.